24фудбал

Гомеш објасни зошто ја одбрал Барселона пред Реал

Андре Гомеш денеска беше преставен како ново засилување на Барселона, фудбалерот од средниот ред објасни зошто ги одбрал „Каталонците“ пред Реал Мадрид

Шпанија

Минатата недела Барселона успеа пред носот на лутиот ривал Реал Мадрид да го украде Андре Гомеш и со Валенсија се договори за трансфер вреден 35 милиони евра, плус додатни 20 милиони евра во бонуси.

Португалецот попладнево беше презентиран како ново засилување на шампионот на Шпанија, и Андре Гомеш објасни зошто ги одбрал „Каталонците“ пред Реал Мадрид.

„Одлуката да ја одберам Барса пред Реал е лична – вели Андре Гомеш.

„Секој клуб има различна филозофија. Верувам дека стилот на Барселона ми одговара најдобро.

„Требаше да избирам и ја одбрав Барселона. Верувам дека го избрав најдобриот клуб и дека не погрешив.

„Чест ми е што ќе го носам овој дрес. Мојот сон како и сонот на моето семејство е остварен.