24фудбал

Официјално: Пато е нов играч на Виљареал

Александре Пато се сели во Примера, Бразилецот стави потпис на четири годишен договор со Виљареал.

Шпанија

По кратката и неуспешна авантура во Челси каде што играше на позајмица од Коринтијанс, Пато се сели во Виљареал.

Поранешната ѕвезда на Милан ќе се проба во Примера, овој пат стави потпис на четири годишен договор.

„Многу сум среќен за новиот предизвик во мојата кариера со Виљареал! Дојдов со голема желба и возбуденост!“ - напиша Пато на својот инстаграм профил.