24фудбал

Несторовски со гол за Палермо на ремито против Ал Вехда

Репрезентативецот на „Црвено-жолтите“, Илија Несторовски го постигна единствениот гол за Палермо на пријателскиот натпревар против Ал Вехда

Македонија

Попладнево, „Сицилијанците“ го одиграа третиот контролен натпревар од подготовките за новата сезона а противник им беше Ал Вехда од Саудиска Арабија.

Двајцата Македонци во дресот на Палермо добија по 45 минути, Александар Трајковски го започна натпреварот, а во вториот дел му го отстапи местото на Илија Несторовски.

Токму Илија Несторовски беше стрелец на единствениот гол за Палермо

На десет минути пред крајот тој изедначи на 1-1 откако претходно кон финишот на првиот дел Ал Вехда дојде до водство од пенал преку Адао.