24фудбал

Гатузо: Досадно е да гледаме како Јуве победува

Поранешниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо вели дека на сите им е здосадено од доминацијата на Јувентус во Серија А и се надева на поинтересна сезона

Италија

„Старата Дама“ пет сезони по ред е шампион на Италија и за очекување е доминацијата да продолжи и во иднина откако ова лето „Бјанконерите“ значително се засилија и тоа со најдобрите играчи на ривалите, односно Миралем Пјаниќ од Рома и Гонзало Игуаин од Наполи.

„Се надевам дека новата сезона ќе биде поинтересна – вели Џенаро Гатузо.

„На мене, а и на многу фанови, ни е здосадено да гледаме како Јувентус победува.

„Погледнете го чудото кое го направи Лестер, иако на долг рок квалитетот е тој што надвладува.

„Јуве, Наполи и Рома, би рекол дека во ваков редослед ќе заврши сезоната.