24фудбал

Џака се претстави со албанска песна пред играчите на Арсенал (ВИДЕО)

Новото засилување на Арсенал, Гранит Џака падна на првиот тест, фудбалерот од средниот ред беше очаен на претставувањето пред соиграчи

Видео

Традиција е секое ново засилување во соблекувалната да пее пред останатиот дел од тимот.

Гранит Џака денеска ја „одработи“ својата должност, запеа на албански јазик и тоа љубовна песна.

Очигледно тој направи погрешен избор, бидејќи пеењето не е негова јака страна.

Освен Џоел Кембел кој се забавуваше, сите други беа прилично нерасположени и молчеа.