24фудбал

Игуаин: Го разбирам гневот на фановите на Наполи но јас донесов правилна одлука

Гонзало Игуаин вели дека го разбира гневот на фановите на Наполи и нивните навреди, но додава дека не жали за одлуката да се пресели во Јуве и верува дека направил прав избор

Италија

Аргентинецот во очите на сите „Наполитанци“ е предавник откако по три години поминати на Сан Паоло ова лето се пресели во лутиот ривал Јувентус.

Напаѓачот денеска беше презентиран пред медиумите како нов фудбалер на „Старата Дама“ и Гонзало Игуаин ја искористи оваа прилика да го прокоментира целиот трансфер.

„Цело време молчев, па сега можам да ја кажам мојата верзија на приказната – вели Игуаин.

„Во Наполи имав три убави години, и разбирам дека тие се гневни на мене.

„Ги видов навредите, но оваа одлука ја донесов поради лични причини. Среќен сум што потпишав за Јуве и сега мислам само на мојот нов клуб.

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари истакна дека е разочаран особено поради тоа што Гонзало Игуаин не одвоил барем пет менути за да се јави и да се збогува.

„Сари е многу важна личност за мене, минатата сезона ми помогна многу за да напреднам.

„Му се извинувам ако е лут и му испраќам искрен поздрав, имам само пофални зборови за него.

Пупалрниот „Пипита“ потоа откри дека никогаш немал добар однос со претседателот Аурелио Де Лаурентис, и токму него го посочи како главна причина за заминување од Наполи.

„Мојот однос со него никогаш не беше добар бидејќи имавме различни мислења.

„Тој влијаеше на мојата одлука, ме притисна на вакво нешто.

„Проблем беше односот со него. Не сакав да поминам ниту уште една минута со него!

„Сега сум многу среќен и сакам да му се заблагодарам на Јувентус за големиот напор што го направи за да ме ангажира.