24фудбал

Гомеш открива што му кажал Роналдо за трансферот во Барса

Новото засилување на Барселона, Андре Гомеш открива дека разговарал со Кристијано Роналдо за преселбата на Камп Ноу

Шпанија

Фудбалерот од средниот ред ова лето беше желба и на Реал Мадрид, долго време се говореше дека „Кралевите“ се во преговори со Валенсија, но Барселона во последен момент успеа да го украде Португалецот од пред носот на својот лут ривал.

Андре Гомеш сега открива дека разговарал со својот сонародник Кристијано Роналдо за трансферот на Камп Ноу.

„Разговарав со Роналдо, ми честиташе – вели Гомеш. „Искрено да ви кажам тој е среќен за мене.

„Но тој продолжува да биде мој ривал, исто како и претходно. На теренот нема пријатели.

„Кога сум во репрезентацијата ќе можам да играм покрај него. Сега сакам само да уживам покрај Меси.