24фудбал

Шкендија продолжува со одличниот настап во Европа, падна и Млада Болеслав

Клубот од Тетово со 2-0 славеше над Млада Болеслав и со едната нога веќе е во последното плеј-оф коло од квалификациите во Лига Европа

Македонија

Освојувачот на купот на Македонија прикажа уште една квалитетна партија и заслужено стигна до победа над Млада Болеслав.

Вечерва избраниците на Акраповиќ максимално го искористија црвениот картон на Хулка, кој беше исклучен на стартот од вториот дел за прекршокот од зад грб врз Хасани.

Со играч повеќе на теренот, Шкендија поведе преку Жуниор во 69. минута.

Бразилецот потоа му асистираше на Хасани за предност од 2-0 и голема победа во пресрет на реваншот во Чешка за седум дена.