24фудбал

Агуеро им одговори на критичарите кои го обвинуваа дека е дебел (ФОТО)

Кун Агуеро на најдобар начин им одговори на критичарите кои обвинија дека напаѓачот е значително здебелени и со неколку килограми плус се приклучил на подготовките

Англија

Новите методи кои ги применува Пеп Гвардиола во Манчестер Сити се топ тема на медиумите од „Островото“.

Шпанецот веднаш ја забрани брзата храна и пицата во соблекувалната, а стратегот исто така нема да им дозволи да тренираат и играат на фудбалерите кои не се во потребна форма и имаат некој килограм повеќе.

Веднаш почнаа да кружат шпекулации за тоа кои се играчите кои се нашле на „тапет“ кај строгиот Пеп.

Беше објавено дека Кун Агуеро добил укор, а на социјалните мрежи се појави слика на која се гледа дека Аргентинецот е значително здебелен.

Но напаѓачот на најдобро начин им одговори на критичарите откако на денешниот пријателски натпревар со Борусија Дортмунд постигна гол, а по крајот на средбата го соблече дресот и го покажа мускулестото тело.