24фудбал

Клоп го прокоментира трансферот на Погба во Јунајтед

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде свое видување за најавуваниот рекорден трансфер на Пол Погба во Манчестер јунајтед вреден повеќе од 100 милиони фунти

Англија

Се верува дека Французинот е многу блиску до враќање на Олд Трафорд и се очекува во скоро време да пристигне официјална потврда.

„Црвените Ѓаволи“ за Пол Погба ќе плати рекордна сума или повеќе од 100 милиони фунти (околу 120 милиони евра).

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сега даде свое мислење за зделката.

„Доколку донесете еден играч за 100 милиони фунти и тој се повреди, тогаш сте ги изгорел парите – вели Германецот.

„Денот кога ова е фудбал, јас повеќе нема да работам, бидејќи ова е тимски спорт.

„Сите вака го разбираат фудбалот. Секако дека ги сакате најдобрите, но за да бидете успешни треба да изградите тим.

„Другите клубови можат да прават што сакаат, да трошат пари и да ги ангажираат најдобрите играчи. Јас сакам да ги правам работите поинаку.

„Би направил нешто сосема друго доколку можам да потрошам толкава сума на пари.

„Не знам колку пари можам да потрошам бидејќи до сега никој не ми кажал ништо.

„Доколку трошам пари тоа е бидејќи се обидувам да изградам тим, вистински тим. Барселона го стори тоа.

„Можете да освојувате првенства, да освојувате титули, но саката да го правите тоа со одреден стил.