24фудбал

Дроба продолжува да му дава голови на Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал е омилениот противник на Дидие Дрогба, иако не е веќе во Премиерлигата, напаѓачот кога ќе се сретне со „топчиите“ не пропушта да ја затресе нивната мрежа, така беше и ноќеска.

Англија

Арсенал во САД играше пријателски натпревар против ѕвездите од МЛС. Англискиот тим победи со 2-1, а единствениот примен гол беше токму од Дрогба.

Резултатот го отвори Кембел во 11. минута, Дрогба изедначи пред самиот крај на првото полувреме, а победата за Арсенал ја донесе Акпон во 87. минута.

Ова беше 16. гол за Дрогба против Арсенал, 13 од нив како играч на Челси, два кога го носеше дресот на Галатасарај.