24фудбал

Погба ги поминал лекарските прегледи со Јунајтед во Лос Анџелес

Според пишувањата на медиумите од Италија и Франција, Пол Погба во Лос Анџелес ги поминал редовните лекарски прегледи

Англија

Полека се редат сите коцки за рекордниот трансфер на Пол Погба во Манчестер јунајтед.

Последните информации велат дека Французинот во Лос Анџелес ги поминал редовните лекарски прегледи.

Се очекува до крајот на недела да пристигне и официјална потврда за враќањето на Пол Погба на Олд Трафорд.