24фудбал

Де Лаурентис распали по „лажгото“ Игуаин

Аурелио Де Лаурентис одговори на обвинувањата на Гонзало Игуаин и изјавите на напаѓачот дека заминал во Јувентус поради лошиот однос со претседателот на Наполи

Италија

Аргентинецот вчера се пожали дека имал проблеми со Аурелио Де Лаурентис, двајцата имале различни мислења и Гонзало Игуаин не сакал да помине ниту уште една минута со него.

Па првиот човек на „Наполитанците“ беше посочен како виновник за трансферот на популарниот „Пипита“ во Јувентус.

Попладнево Де Лаурентис му одговори на Гонзало Игуаин и истакна дека репрезентативецот на „Гаучосите“ е лажго.

„Драги фанови на Наполи, драги фудбалски фанови" – напиша Де Лаурентис во писмото постирано на официјалната веб страна на Наполи.

„Ги прочитав изјавите на Гонзало Игуаин дадени на прес конференцијата која ја организираше Јувентус, и сакам да се фокусирам на делот во кој, откако рече дека Јувентус е големо семејство и е среќен што ќе го носи дресот на Јувентус, истакна дека јас сум причината порди која тој потпишал за нив".

„Долго време размислував дали да дадам одговор, бидејќи сите знаат која е вистината. На крајот одлучив дека е подобро да се кажам нешто. Ова е мојот одоговор". 

„1) Доколку на господинот Гонзало Игуаин му пречело моето присуство, му требале многу години да го сфати тоа, ило во спротивно е лажно или добар глумец. Можам да го исклучам ова последното, знам многу за глумците".

„2) Поминавме многу време заедно, дури и неодамна, на пример, цел ден на сослушувањето во Рим кај Дисциплинската Комисија, кога се обидувавме да ја намалиме неговата суспензија од 4 натпревари. Можам да ве осигурам дека Гонзало тој ден беше прилично спокоен и не покажа никаква нетрпеливост кон мене. За ова можат да посведочат и луѓето кои беа со нас".

„3) Зошто неговиот агент никогаш не покажа нетрпеливост на состаноците на кои договаравме продолжување на договорот? Ако толку многу не ме сакале, немаше да потрошивме огромен број на часови на дискусии за пари, за огромни суми на пари".

„4) Дали на неговиот агент не му е срам да говори дека тимот во кој тој настапуваше и му помогна на постигне 38 погодоци не е достоен на предизвикот? Нели му е срам да каже дека согирачите на Игуаин биле лоши, кога Наполи беше тимот во Италија кој креираше најмногу шанси за гол, нешто што е клучно за напаѓачот да може да постигне многу голови?"

„5) Да се обиде да објасни дека јас сум виновен за трансферот е покачување на непочитување кон сите „Наполитанци". Доколку тој ја прочитал историјата на Наполи, ќе знаел дека градот е единствениот кој се ослободил од Нацистите пред да дојдат Американците, кои открија дека градот е ослободен кога влегоа. Можеш да ги предадеш овие луѓе доколку немаш срам, но не можеш да ги правиш будали".