24фудбал

Ибрахимовиќ во составот на Јунајтед за пријателскиот меч против Галатасарај

Златан Ибрахимовиќ е меѓу фудбалерите кои утре треба да настапат на пријателскиот меч помеѓу Манчестер јунајтед и Галатасарај.

Англија

Иако само пред некој ден почна да тренира со своите нови соиграчи, Ибрахимовиќ се најде на списокот на фудбалери кои ќе настапат на дуелот со Галатасарај.

За разлика од претходните два пријателски меча, Мурињо ќе ги има речиси сите фудбалери на располагање.

Португалецот направи список на 23 играчи за утрешниот натпревар: Де Геа, Џонстоун, Ромеро, Валенсија, Дармијан, Џонс, Рохо, Бејли, Блинд, Шо, Ерера, Фелаини, Мхитарјан, Јанг, Шнајдерлин, Карик, Мата, Лингард, Депај, Ибрахимовиќ, Руни, Марсијал и Рашфорд.

Натпреварот се игра утре (сабота) во Гетеборг со почеток од 19:30 часот.