24фудбал

Рајола: Нема договор за Погба, италијанските и англиските медиуми се тркаат кој ќе биде полош

Агентот на Пол Погба, Мино Рајло наспроти сите пишува денеска, тврди дека сеуште нема договор помеѓу Манчестер јунајтед и Јувентус.

Англија

Денеска речиси сите медиуми објавија дека трансферот на Погба е договорен и остануваат уште ситни детали за тој да биде и официјализиран.

Но агентот на Погба, Мино Рајола преку својот твите профил ги нарече новинарите папагали и негираше дека е постигнат договор помеѓу двата клуба.

„Новинари=папагали. Нема договор помеѓу двата клуба. Ова е натпревар помеѓу италијанските и англиските медиуми кој ќе објави прв и кој ќе биде полош“ - твитна Рајола.

Информациите на медиумите велат дека е постигнат договор и за сума од 110 милиони евра Погба ќе премине во Манчестер јунајтед. Сепак трансферот на францускиот фудбалер се претвори во вистинска сага, па додека нема официјална потврда, ништо не е готово.