24фудбал

Челси задоцни со кам-бекот, Реал славеше во Мичиген (ВИДЕО)

Благодарејќи на одличното прво полувреме, „Кралевите“ со 3-2 го совладаа Челси пред повеќе од 100 000 фанови во Мичиген

Видео

Избраниците на Антонио Конте се уште се прилагодуваат на новата формација 4-2-4, па Реал Мадрид на најдобар начин ја искористи неуиграноста на „Сините“.

Шампионот на Европа поведе преку Марсело во 19. минута, откако ударот на Бразилецот од далечина го закачи Оскар и го измами Беговиќ.

Левиот бек во 26. минута зголеми и на 2-0. Бразилецот најпрво пресече едно додавање, потоа двојно проигра со Асенсио и го матираше Беговиќ на поблиската статива.

Во 37. минута Реал стигна до убедлива предност од 3-0 откако Мариано Диаз испрати проектил од преку 25 метри.

Челси значително се подобри во вториот дел, Азар намали на 3-1 во 80. минута откако успешно ја одбегна офсајд замката.

При една слична акција десет минути подоцна, Белгијанецот постигна нов гол и ги постави конечните 3-2.