24фудбал

Барса го доби Лестер, блесок на Муса во англискиот тим (ВИДЕО)

Барселона со 4-2 славеше над Лестер во пријателскиот натпревар одигран во САД, новото засилување на англискиот шампион со два гола имаше одлична промоција.

Видео

Барса ја оправда улогата на фаворит и го доби дуелот со Лестер, англискиот тим пак можеби добива нова ѕвезда во името на Ахмед Муса.

По првото полувреме Барселона имаше водство од убедливи 3-0 со два гола на Ел Хадиди Мунир и Луис Суарез.

Во вториот дел влезе Муса и веднаш импресионираше, постигна два прекрасни гола и намали на 3-2. Во финишот од мечот Барселона преку Мухика ги постави конечните 4-2.