24фудбал

Ливерпул го доби трилерот со седум гола на Емирати (ВИДЕО)

Во дербито на првото коло, „Црвените“ во возбудлив натпревар славеа со 4-3 на гостувањето кај Арсенал

Англија

Избраниците на Јирген Клоп максимално го искористија неискуството во одбраната на „Топчиите“ и со три бода си заминуваат од Енфилд.

Откако по половина час игра Волкот го донесе Арсенал во водство, Ливерпул изедначи со прекрасниот гол на Кутињо од слободен удар во завршните мигови на првиот дел.

„Црвените“ потоа силно притиснаа во второто полувреме, и преку Лалана, Кутињо и Мане стигнаа до убедлива предност од 4-1.

Со головите на Чемберлејн и Чемберс, Арсенал се врати во игра, но домаќините немаа сили за реми.