24фудбал

Конте дебитираше со победа, Диего Коста е херојот на Челси (ВИДЕО)

Антонио Конте дебитираше со победа во Премиерлигата, Челси со 2-1 го победи Вест Хем благодарение на гол на Диего Коста во самиот финиш од натпреварот.

Англија

Челси го надигра Вест Хем, но тешко дојде до победата, дури во 89. минута со гол на Диего Коста.

Сините имаа доминација и создаваа шанси, а иницијативата беше крунисана со гол од пенал на Азар на почетокот од второто полувреме.

И по водството Челси беше подобар тим, сепак по една мешаница во шеснаесетникот во 77. минута Колинс го изедначи резултатот на 1-1.

Челси додаде на офанзива барајќи гол во финишот за старт со победа во новата сезона и токму тоа се случи. Во 89. минута Диего Коста погоди од далечина и му донесе триумф на својот тим од 2-1.

Антонио Конте може да биде задоволен од својот прв натпревар на клупата на Челси кој изледа многу мотивирано на стартот од новата сезона.