24фудбал

На натпревар во Шведска, хулиган влезе во теренот и го нападна гостинскиот голман (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Јонкопинг и Остерсунд во најсилното првенство на Шведска беше прекинат откако маскиран навивач влезе на теренот и го нападна гостинскиот голман

Видео

При резултат 1-1 во завршните мигови од средбата, маскиран навивач влезе во теренот, почна да го брка гостинскиот голман Али Кеита, и кога го стигна го удри по глава и го собори на земјата.

Набрзо притрчаа сите играчи и судијата, а обезбедувањето го приведе хулиганот.

На голманот му се укажа лекарска помош, но тој не можеше да продолжи да игра, па во консултација со делегатот, судијата го прекина натпреварот.

„Шокиран сум и бесен – рече Али Кеита. „Страшно е што нешто вакво може да се случи. Не треба да гледаме вакви сцени на фудбалските терени.

Напаѓачот е 17 годишно момче, кое веднаше е уапсено од страна на полицијата.