24фудбал

Епско тролање: Навивачи на Динамо Букурешт ја понижија Стеауа на натпреварот против Сити

Фанови на Динамо Букурешт на неверојатен начин ги понижија своите големи гратски ривали Стеауа и тоа на натпреварот против Манчестер Сити во рамките од баражот за пласман во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Пред почетокот на натпреварот навивачите на Стеауа со кореографија на трибините требаше да им дадат дополнителна мотивација на своите фудбалери.

Но кога навивачите ги подигнаа ливчињата на кои седат, паролата гласеше „Doar Dinamo Bucuresti“ или во превод „Само Динамо Букурешт“.

Како се случи тоа?

Фанови на Динамо Букурешт се преправиле како професионалци за кореографии и своите услуги им ги понудиле на луѓето од Стеауа кои имале комплетна доверба во нив и им ја доделиле работата. Тие го искористиле тоа и направиле епско понижување на ривалот кое со години ќе се прераскажува и се чини никогаш нема да се заборави.

Дополнително Стеауа беше понижена и на теренот од Манчестер Сити кој си замина со победа од 5-0.