24фудбал

Бартон распали по Гвардиола: Она што му го прави на Џо Харт е одвратно

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Џои Бартон е разочаран од третманот кој го добива голманот Џо Харт

Англија

Англичанецот беше седнат на клупа за првиот натпревар од новата сезона во Премиерлигата против Сандерленд а иста беше ситуацијата и на вчерашниот дуел со Стеауа во баражот од Лигата на Шампионите.

Џо Харт не се вклопува во планот на Пеп Гвардиола и се почесто се говори дека голманот ќе замине од Манчестер Сити.

Во разговор со ТокСпорт, поранешниот фудбалер на „Граѓаните“, Џои Бартон сега распали по менаџерот на Манчестер Сити и вели дека она што Шпанецот му го прави на Џо Харт е одвратно.

„Ова не е клубот кој јас го напуштив – вели Бартон. „Клубот кој го напуштив и клубот кој сега го гледам се две различни организации.

„Клубот за кој јас играв немаше на овој начин да го третира Џо Харт, играч кој долги години беспрекорно му служи.

„Ова што му го прават е одвратно.

„Уште пред Сити да почне да се расфрла со пари, тој можеше да замине и да забележи поголем успех, но остана бидејќи сакаше да биде дел од Сити.

„Не сваќам што толку има згрешено за да добива ваков третман. Не ми се допаѓа ова. Без разлика колку добар тренер сте, треба да имате малку човечност.

Зошто да го третирате вака?