24фудбал

Со прекрасен гол од слободен удар Ибраими го замолкна Гент (ВИДЕО)

Шкендија води со 1-0 на гостувањето кај Гент благодарение на одличен гол на Бесарт Ибраими од слободен удар уште во 9. минута од натпреварот.

Лига Европа

Шкендија игра одличен натпревар во Гент, Тетовчани создадоа неколку шанси, а по еден одличен трик Ибраими донесе водство од 1-0. 

Домаќините имаа неколку шутеви кон голот на Шкендија, но Дино Захов со одлични интервенции не дозволи да се тресе неговата мрежа.