24фудбал

Ибра ја покажа својата класа и на Олд Трафорд, два гола за нова победа на Јунајтед (ВИДЕО)

Со два гола на Ибрахимовиќ, Манчестер јунајтед го победи Саутемптон на Олд Трафорд, повратникот Пол Погба ги одигра сите 90 минути.

Англија

Манчестер јунајтед ја оправда фаворитската улога против Саутемптон и со 2-0 дојде до нови три бода во Премиерлигата.

Жозе Мурињо за прв пат го водеше тимот на Олд Трафорд на официјален меч, а Златан Ибрахимовиќ уште еднаш ја покажа својата класа.

За прв пат по четири години, дресот на Манчестер јунајтед го облече Пол Погба кој ги одигра сите 90 минути од мечот.

Резултатот беше отворен во 36. минута кога по асистенција од Вејн Руни, Ибрахимовиќ погоди со глава за водство на Јунајтед од 1-0.

Течеше шестата минута од второто полувреме кога Класи направи фаул за пенал врз Лук Шо. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Ибрахимовиќ за конечни 2-0.

Навивачите на Манчестер јунајтед можат да бидат задоволни од претставата на нивниот тим кој има одличен старт на сезоната.