24фудбал

Шакири знае како му е на Харт: Пеп ве фали пред медиумите а потоа ве седнува на клупа

Џердан Шакири знае низ што поминува Џо Харт, репрезентативецот на Швајцарија имаше слично искуство со Пеп Гвардиола во Баерн Минхен

Англија

Иднината на Џо Харт во Манчестер Сити е под знак прашалник, голманот не се вклопува во тактичките замисли на Шпанецот и беше седнат на клупата за резерви на првите два натпревари од новата сезона.

Во пресрет на дуелот помеѓу Стоук и Манчестер Сити, Џердан Шакири вели дека знае низ што поминува Џо Харт.

Швајцарецот имаше слично искуство со Пеп Гвардиола во Баерн Минхен, не се вклопуваше во плановите на стратегот па беше продаден на Интер, од каде се пресели во Стоук.

„Пеп е навистина добар тренер кога е во прашање она што се случува на теренот, но неговата комуникација со мене беше лоша – вели Шакири.

Запрашан дали Пеп Гвардиола му објаснил на Џо Харт кои се причините поради кои не игра, Швајцарецот вели: „Мислам не.

„Гвардиола не зборува многу за ова. Не им кажува на играчите зошто.

„Секако, понекогаш ова е многу тешко за фудбалерите, особено кога работите и тренирате напорно.

„И особено кога ве фали пред медиумите, „Тој е добар, тој е навистина добар или тој е најдобар“. Но потоа ве седнува на клупа. И тоа е навистина тешко.

„Го гледам Џо Харт на клупа. Не знам кој е вистинскиот проблем, но во секој клуб секогаш ќе има нови проблеми.

„Новите тренери и новиот персонал сакаат да работи со нови играчи. Можеби не го сакаат овој играч. Ова се случува секаде. Иста е ситуацијата и со Бастијан Швајнштајгер и Манчестер јунајтед.