24фудбал

Игуаин дебитираше со гол вреден три бода (ВИДЕО)

Јувентус со 2-1 славеше над Фиоренина во првиот натпревар од новата сезона во Серија А, херој на „Старата Дама“ беше големото летно засилување Гонзало Игуаин

Италија

„Бјанконерите“ одбраната на титулата ја започнаа со победа, во Торино, Јувентус го доби лутиот ривал Фиорентина со 2-1.

Гонзало Игуаин беше херојот на „Старата Дама“, напаѓачот се најде во право време на право место и го постигна победоносниот гол.

Шампионот на Италија поведе преку Кедира во 37. минута, но Калиниќ изедначи на 1-1 на 20 минути до крајот.

Сепак, во 75. минта, Јувентус се врати во водство преку Гонзало Игуаин за лудило на стадионот.

Аргентинецот, кој во игра влезе во 66. минута, реагираше во манир на расен стрелец, и по блокираниот удар на Сами Кедира, со својот трет допир на топката од тесен агол ја затресе мрежата на „Виолетовите“ за 2-1.