24фудбал

Блесок на Бака и Донарума за стартна победа на Милан (ВИДЕО)

Хет-трик на Бака и одбранет пенал на Донарума во 96. минута за победа на Милан од 3-2 на стартот од сезоната во Серија А.

Италија

Натпревар со крајно драматичен финиш одиграа Милан и Торино кој го добија росоњерите со 3-2.

Милан поведе со гол на Бака во 38. минута, но на стартот на првото полувреме Белоти го изедначи резултатот на 1-1.

Во вториот дел Бака постигна уште два гола за водство од 3-1 кое изгледаше како сигурна предност, но малку фалеше домаќинот да ја прокоцка предноста.

Во 91. минута Басељи намали на 3-2, а во 96. минута Торино имаше пенал. Белоти биеше Донарума го одбрани неговиот удар и на крајот со Бака ги подели заслугите за победата.