24фудбал

Игуаин им одговори на критичарите

Гонзало Игуаин имаше блескаво деби во дресот на Јувентус откако во првиот меч му донесе победа на шампионот над Фиорентина.

Италија

Јувентус за рекордна сума ова лето го купи Игуаин од Наполи. Напаѓачот беше нападнат од сите кога се појави со вишок килограми на тренинзите на „старата дама“.

На мечот со Фиорентина, Игуаин во игра влезе во второто полувреме и постигна гол за победа на Јувентус од 2-1. По одличното деби, Аргентинецот знаеше како да им одговори на критичарите.

„Продолжете да ме викате дебел, а јас ќе продолжам да постигнувам голови“ - изјави Игуаин за Тутоспорт.

„Добар сум, тренирам веќе 20. дена и искрено не разбирам зошто толку интерес за мојата кондиција“.