24фудбал

Мурињо: Одбив понуди од Италија и Шпанија за да останам во Премиерлигата

Жозе Мурињо открива дека пред да ја прифати работата во Манчестер јунајтед, имал понуди и од клубови од Италија и Шпанија.

Англија

Откако по отказот од Челси остана без работа, често се шпекулираше за неговата иднина, Манчестер јунајтед секогаш беше во прв план, но Мурињо се поврзуваше и со други клубови.

Португалецот сега и самиот открива дека имал понуди за враќање во Италија и Шпанија, но не сакал да замине од Англија.

„Пред да поптишам со Манчестер јунајтед можев да одам во Италија или во Шпанија, но Премиерлигата е посебна“ - вели Мурињо.

„Во некои држави големите клубови сакаат да стануваат уште поголеми а на нивна сметка малите стануваат уште помали“.

„Во Англија не е така, сите клубови сакаат да се конкурентни и така е скроена распределбата на средствата“.