24фудбал

Додека Арсенал се мислеше, Валенсија одлучи: Мустафи не е на продажба

Лоши вести за навивачите на Арсенал, Валенсија нема да го продаде Шкодран Мустафи, првата трансфер цел на Венгер кога дефанзивата е во прашање.

Шпанија

Арсен Венгер можеше да го купи Мустафи пред неколку недели, но тогаш на Французинот му беше многу да плати 30 милиони фунти. Откако Арсенал реши дека сепак мора да ја засили дефанзивата и беше подготвен да ја плати бараната сума, Валенсија реши да не го продава германскиот дефанзивец.

Се пишува дека ваквата одлука е бидејќи се ближи крајот на преодниот рок и тие немаат време да најдат соодветна замена за Мустафи. 

Одлуката ја потврди тренерот Пако Ајестран по синоќешниот пораз на Валенсија од Лас Палмас.

„Мустафи не е на продажба и тој ќе остане во Валенсија“ - изјави тренерот.