24фудбал

Мурињо во конфликт со бордот на Манчестер јунајтед

Жозе Мурињо има мало несогласување со лидерите на „Црвените Ѓаволи“ околу настапот на трансфер пазарот

Англија

Медиумите од Англија пренесуваат дека „Специјалниот“ го имал првиот конфликт со бордот на Манчестер јунајтед

Причина за несогласувањето е Жозе Фонте, дефанзивецот на Саутемптон е последната желба на Жозе Мурињо и стратегот инсистира неговиот сонародник да пристигне на Олд Трафорд.

Но бордот на директори, кој веќе даде зелено светло за светски рекорден трансфер на Пол Погба, сака Португалецот најпрво да се ослободи од играчите на кои не смета.

Бордот на директори не сака во составот да останат фудбалери со високи плати кои нема да играат.

Бастијан Швајнштајгер и Маркос Рохо се главни кандидати за заминување, но Жозе Мурињо не сака да се ослободи од Фил Џонс, за кого интерес пројавува Стоук.