24фудбал

Агуеро даде шест гола на три натпревари но Гвардиола бара повеќе

Кун Агуеро игра во одлична голгетерска форма на стартот од новата сезона, но Пеп Гвардиола бара повеќе од напаѓачот и ја критикуваше неговата игра во одбраната

Англија

Аргентинецот постигна шест погодоци на три натпревари, но тоа не е доволно за перфекционистот Пеп Гвардиола.

„Тој знае дека сме тука за да му помогнеме, да креираме што е можно повеќе шанси и да му обезбедиме прилики за постигнување голови – вели Пеп Гвардиола.

„Но Агуеро мора да ни помогне.

„Не е доволно само да ја добива топката од соиграчите, треба да помогне со првиот притисок, да трча повеќе и повеќе да се движи.

„Не можете да бидете брилијанти доколку исчезнете кога ја немате топката. Тоа е невозможно.