24фудбал

Малер за Чичарито пред стартот на сезоната, напаѓачот паднал по скали

Баер Леверкузен во првото коло од новата сезона во Бундеслигата ќе мора без својот најдобар голгетер, Хавиер Ернандез ќе паузира две недели поради бизарна повреда

Германија

Пупуларниот Чичарито паднал по скали во својот апартман и заработил фрактура на раката.

Репрезентативецот на Мексико денеска бил успешно опериран, и според лекарскиот тим на „Фармацевтите“ ќе паузира околу две недели.

Па Баер Леверкузен нема да може да смета на својот најдобар голгетер за првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата против Борусија Менхенгладбах.

Оваа средба ќе ја пропушти и Ларс Бендер кој заработи повреда на скочниот зглоб против Бразил во финалето на Олимписките игри.