24фудбал

Нов договор за Герет Бејл

Според пишувањата на Марка, Герет Бејл ја продолжил верноста кон Реал Мадрид и ставил потпис на нов договор со трајност до 2021

Шпанија

Како награда за добрите партии од минатата сезона како и импресивните игри на Европското Првенство, Герет Бејл доби нов побогат договор од Реал Мадрид.

Според пишувањата на Марка, Велшанецот ја продолжува соработката со „Кралевите“ до 2021.

Со новиот договор, Герет Бејл ќе има годишна плата од околу 10 милиони евра, и ќе биде на исто ниво како капитенот Серхио Рамос.

Пред него ќе биде само главната ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој исто така во септември треба да стави потпис на нов договор.