24фудбал

Порто и Монако слават, Рома и Виљареал нема да играат во ЛШ (ВИДЕО)

Италија ќе има само две екипи во ЛШ откако Рома доживеа тежок пораз од Порто на Олимпико, Шпанија ќе биде без Виљареал кој уште еднаш загуби од Монако.

Лига на Шампиони

По нерешените 1-1 во Португалија, Рома важеше за фаворит во дуелот со Порто, но работите за „волчицата“ тргнаа во непосакуван правец.

Порто поведе уште во 8. минута од натпреварот, па како одминуваше времето играта на Рома стануваше нервозна.

Во 39. минута поради опасен старт Де Роси доби директен црвен картон, по само пет минути игра во второто полувреме и Емерсон беше исклучен па Рома остана со девет фудбалери.

Таквата состојба ја искористи Порто кој преку Лајун и Корона постигна уште два гола за убедлив триумф и пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Монако со гол на Фабињо во судиското продолжение уште еднаш го победи Виљареал и обезбеди место во ЛШ, шпанскиот тим ќе се задоволи со пласман во Лига Европа.

Селтик загуби со 2-0 против Хапоел Бер Шева, на Израелците им фалеше само уште еден гол да го елиминираат фаворитот, но не успеаа.

Легија одигра 1-1 против Дундалк, но благодарение на гостинската победа од 2-0 оди понатаму.

Во Лигата на шампионите ќе има место и за Лудогорец кој одигра 2-2 кај Плзен, првиот меч го доби со 2-0.