24фудбал

Матуиди пристигнува во Јувентус

Според францускиот весник Л'Екип, Матуиди од ПСЖ наскоро ќе стави потпис на договор со Јувентус.

Италија

Според Л'Екип, Јувентус со трансфер на Матуиди ќе го комплетира преодниот рок, зделката ќе биде комплетирана наскоро.

Матуиди доаѓа како замена за Пол Погба кој беше продаден за рекордна сума во Манчестер јунајтед.

Францускиот медиум пишува дека Матуиди и Јуве веќе се договориле, останува уште да финишираат преговорите помеѓу двата клуба, за договор фалат уште ситни детали.

Јувентус на ПСЖ ќе му плати 30 милиони евра, и дополнителни четири во бонуси.

Од трансферот ќе се офајди и Мино Раиола кој посредува за реализација и на оваа зделка. Тој беше задолжен и за трансферите на Ибрахимовиќ, Мхитарјан и Погба.

И покрај продажбата на Погба, Јувентус значително се засили во преодниот рок и ќе биде еден од конкурентите за титулата во Лигата на шампионите.