24фудбал

Швајнштајгер се огласи по шпекулациите за неговата иднина

Бастијан Швајнштајгер се огласи по шпекулациите за неговата иднина, и сугерираше дека ќе остане во Манчестер јунајтед

Англија

Германецот не е дел од плановите на Жозе Мурињо, тренира со резервниот тим на „Црвените Ѓаволи“ и се говори дека тој ќе замине од Олд Трафорд до крајот на преодниот рок.

Попладнево, Бастијан Швајнштајгер се огласи преку социјалните мрежи и ги прокоментира шпекулациите за неговата иднина.

„Манчестер јунајтед ќе биде мојот последен клуб во Европа – напиша Германецот на Твитер.

„Ги почитувам другите клубови. Но Манчестер јунајтед беше единствениот клуб кој можеме да ме привлече за заминување од Баерн Минхен

„Ќе бидам подготвен доколку му бидам потребен на тимот. Ова е се што можам да кажам за мојата сегашна ситуација.

„Сакам да им се заблагодарам на фановите за извонредната поддршка изминативе недели.

Со ваквата порака, Швајни практично порачува дека ќе остане во Манчестер јунајтед барем до јануари.

Преодните рокови во САД и Кина се веќе затворени па тој нема многу опции за трансфер надвор од Европа.