24фудбал

Ангеловски: Да влеземе позитивно во новите квалификации

Селекторот Игор Ангеловски верува во квалитетот на македонските фудбалери и вели дека целта во новите квалификации е да се биде подобар од претходните циклуси кои беа очајни.

Македонија

Македонската репрезентација со гостување кај Албанија започнува нов квалификациски циклус, овој пат за Светското првенство 2018 во Русија.

Селекторот денеска го објави списокот за мечот со Албанија и ги искажа своите очекувања.

„На прагот сме на нов квалификациски циклус во кој очекувам репрезентацијата на Македонија да остварува подобри резултати во однос на изминатите два циклуса. И без разлика на силата на репрезентациите во групата верувам дека овие фудбалери се подготвени и имаат квалитет да го направат тоа“ - вели селекторот Ангеловски. 

„Мислите ни се насочени кон натпреварот со Албанија, ме радува моменталната форма на повиканите играчи и се надевам дека во наредните денови ќе имаме мирни тренинзи, квалитетни подготвки и здрави фудбалери“. 

„Влегуваме максимално ангажирани и ќе се обидеме сето тоа да го пренесеме на теренот со цел позитивно да влеземе во квалификациите за СП“.

„Жал ми е што Александар Трајковски поради повреда не е во можност да помогне на овој натпревар, но се надевам дека брзо ќе се опорави и ќе го имаме веќе во октомври“.

„Она што го најавував и претходно, дека поголем дел од играчите од составот до 21 година ќе бидат вклучени во најдобрата селекција, сеуште е мој ставм но пред нив се два клучни натпревари за пласман на Европско Првенство и се надевам дека ќе бидат успешни, изјави на прес-конференцијата селекторот на А репрезентацијата на Македонија“.