24фудбал

Вардар убедливо до осминафиналето од Купот на Македонија

Вардар со убедливи 9-0 ја прегази екипата на Скендербеу од Порој и се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија.

Македонија

Вардар очекувано без никакви проблеми се пласираше во следната фаза од Купот на Македонија откако славеше убедливо на гостувањето кај Скендербеу.

Мрежата на противникот беше полна уште во првото полувреме кое Вардар го доби со 5-0, а до крајот погоди уште четири пати за вкупни 9-0.

Обрегон, Петковски и Гроздановски постигнаа по два гола, по еднаш погодија Глишиќ, Новак и Хамбарџумјан.