24фудбал

Никола Јакимовски потпиша за Беневенто

Македонскиот фудбалер, Никола Јакимовски останува во Серија Б, сега ќе го носи дресот на Беневенто.

Македонија

Никола Јакимовски дресот на Бари го замени со црвено-жолтиот на Беневенто и во наредните две години ќе настапува за овој италијански клуб.

„Беневенто со задоволство може да информира дека потпиша две годишен договор со Никола Јакимовски“ - стои во соопштението на клубот.

Беневенто е нов тим во Серија Б откако минатата сезона како прв од третата лига се пласира во ранг погоре.