24фудбал

Торган Азар повеќе од Еден Азар (ФОТО)

Торган Азар го постигна својот прв хет-трик за Борусија Менхенгладбах и изнуди реакција на твитер од својот постар брат Еден Азар.

Лига на Шампиони

Борусија Менхенгладбах со убедливи 6-1 го победи тимот на Јанг Бојс и на супериорен начин го завери пласманот во Лигата на шампионите.

Три од шесте гола беа дело на помалиот брат на Еден Азар, Торган, ова беше негов прв хет-трик во дресот на германскиот тим.

Одличната вечер на Торган изнуди реакција на твитер на неговиот брат кој твитна: „Торган повеќе од Еден“