24фудбал

Пике со нова провокација за Реал Мадрид

Жерард Пике пак го пецна Реал Мадрид, дефанзивецот на Барселона на социјалните мрежи го исмеа лесниот пат на „Кралевите“ до трофејот од Лигата на Шампионите

Шпанија

Жерард Пике обожава да го провоцира лутиот ривал, тој вечерва одново го пецна Реал Мадрид.

Дефанзивецот на Твитер одговараше на прашања од фановите и ја искористи оваа прилика да го исмее лесниот пат на „Кралевите“ до трофејот од Лигата на Шампионите.

На прашањето да опише какви противници сака, Жерард Пике одговори: „Лесна група. Во осминафинале 3. од Италија. Во четвртфинале 8. од Германија. Во полуфинале 4. од Англија. Реваншите секогаш на домашен терен".

Реал Мадрид минатата сезона беше во група со Шахтар Доњецк, Малме и ПСЖ. Во осминафиналето играше со Рома, во четвртфиналето со Волфзбург а во полуфиналето со Манчестер Сити.

Во финалето „Кралевите" беа подобри од Атлетико Мадрид.