24фудбал

Роналдо прогласен за Најдобар играч во Европа

Кристијано Роналдо го доби признанието за најдобар фудбалер во Европа во сезоната 2015/16

Останато

Ѕвездата на Реал Мадрид, сосема очекувано е прогласен за Најдобар играч, откако со „Кралевите“ триумфираше во Лигата на Шампионите, а со Португалија го подигна пехарот на Европското првенство.

До ова признание, ЦР7 стигна пред неговиот соиграч Герет Бејл, и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Норвежанката Ада Хегерберг пак беше прогласена за најдобра фудбалерка на стариот континен.

Таа со Лион ја освои тројната круна, триумфираше во Лигата на Шампионите, првенството и Купот на Франција.