Категорија: Лига на Шампиони 26.08.2016 10:54
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер пред неколку месеци изјави дека имало местења на големите ждрепки во европските натпреварувања.
„Многу е едноставно да наместите. Само одредени топчиња ќе ги ставите во замрзнувач пред ждребот и така тие едноставно ќе се распознаат по допир. Тоа го видов на една европска ждрепка“ - изјави тогаш Сеп Блатер.
Водејќи се од ваквата изјава на Блатер и потегот на Роберто Карлос да извади едно топче, па да го врати и да го замени со друго, кренаа сомнеж дека можеби имало местенка и на синоќешната ждрепка за групната фаза од Лигата на шампионите.