24фудбал

Нови промени во Лигата на Шампионите, УЕФА потпадна под притисокот на гигантите

УЕФА најави реформи во Лигата на Шампионите, од 2018 до 2021, четирите земји со најдобар ранг ќе имаат по четири загарантирани места во групната фаза

Лига на Шампиони

По шпекулациите дека големите клубови кројат планови за Суперлигата или Супер Лига на Шампиони, УЕФА реши делумно да им изрезе во пресрет на гигантите и најави реформи во најелитното европско натпреварување.

Од 2018, четирите земји со најдобар ранг ќе имаат по четири загарантирани места во групната фаза, во моментов тоа се Шпанија, Германија, Англија и Италија.

Италија добива најмногу од оваа промена, со оглед на тоа дека во моментов има само две загарантирани места, а трето пласираниот клуб во Серија А игра плеј-оф (оваа сезона Рома загуби од Порто, па само Јувентус и Наполи ќе играат во Лигата на Шампионите).

Но УЕФА не го прифати барањето за загарантиран настап по основа на историски успех, нешто што би овозможило клубовите како Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, Интер и Милан кои не се пласираа на место кое води во ЛШ да играат во најелитното европско натпревараување.

Европската куќа на фудбалот исто така најави дека финасиската распределба значително ќе се зголеми, и на сила ќе стапи нов систем на распределба по четири основи кој подобро ќе ги награди спортските резултати.

Победникот од Лига Европа исто така ќе добие место во групната фаза од Лигата на Шампионите, додека пак форматот на натпреварување останува непроменет.