24фудбал

Жоао Марио и Габигол пристигнуваат во Интер за 70 милиони евра

Сопствениците на Интер го одврзуваат ќесето, во Милано се чекаат две големи засилувања, Жоао Марио од Спортинг и Габигол од Сантос

Италија

Сунинг вложува 70 милиони евра во двајца играчи, според пишувањата на медиумите од Италија, денеска во Милано треба да пристигнат Жоао Марио од Спортинг и Габигол од Сантос.

Интер подолго време се обидува да пронајде заеднички јазик со Спортинг за услугите на Жоао Марио и се верува дека двата клуба конечно си подале рака за зделка вредна 45 милиони евра.

Што се однесува до Габигол, Бразилецот беше желба на клубови, но „Нероаѕурите“ успеаа да ја добијат битката за напаѓачот во трансфер вреден околу 25 милиони евра.

Двајцата играчи викендов треба да ги поминат редовните лекарски прегледи и да сават потпис на договорите.