24фудбал

Мурињо: Ако Г-дин Румениге толку се грижи за Швајни, зошто не дојде да го земе назад?

Жозе Мурињо го возвраќа ударот, Португалецот одговори на критиките од таборот на Баерн Минхен за неговиот однос кон Бастијан Швајнштајгер.

Англија

Поранешниот играч на Баерн, Бастијан Швајнштајгер се наоѓа во немилост на Жозе Мурињо кој не смета на неговите услуги.

Швајни не е во плановите на Мурињо и е прекомандуван во вториот тим. Тоа не им се допадна на луѓето од Баерн Минхен, претседателот на германскиот клуб, Карл-Хајнц Румениге изјави дека не може да верува како Мурињо го третира Швајнштајгер.

На денешната прес конференција Мурињо во свој стил отворено им возврати на луѓето од Баерн.

„Откако прочитав некои изјави од луѓе од Баерн Минхен, мислев дека тие ќе се стрчаат до Манчестер и ќе го вратат Швајнштајгер назад, но тоа не се случи“ - вели Мурињо.

„Изненаден сум дека Г-дин Румениге не е тука сега да си го земе назад“.