Категорија: Лига на Шампиони 27.08.2016 12:27
Пред неколку месеци, поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер јавно призна дека со ладни и топли топчиња се имаат наместено ждрепки за натпреварувањата под капа на УЕФА, и ги потврди сомнежите на фановите.
Па по ждрепката во четвртокот за групната фаза од Лигата на Шампионите, веднаш почна да се пишува дека е наместена.
Прв на удар беше Роберто Карлос, Бразилецот во еден момент зема едно топче, но потоа веднаш го врати во садот, ги промеша топчињата и зема ново топче.
Сега прстот е вперен кон Јан Раш, легендата на Ливерпул и онака беше во центарот на вниманието бидејќи мака мачеше да ги отвори точињата.
Каталонските медиуми обвинуваат дека тој го наместил ждребот на Реал Мадрид.
За нив спорен е моментот кога Јан Раш при отварањето на топчето, хартијата ја зeма со левата рака, потоа ги спушта рацете да го остави топчето и кога ја крева хартија да ја покаже на камерите ја држи со десната рака.