24фудбал

Реми на Вајт Харт Лејн, Тотенхем - Ливерпул 1:1 (ВИДЕО)

Тотенхем и Ливерпул одиграа 1-1 во дербито од третото коло во Премиерлигата, тимот на Јирген Клоп беше поблиску до победа.

Англија

Ливерпул можеше уште еднаш од Северен Лондон да се врати со три бода, по стартната победа над Арсенал, овој пат пропуштија да го освојат целиот плен против Тотнем.

По неколку пропуштени шанси, Ерик Ламела направи прекршок за пенал во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка, Џејмс Милнер биеше прецизно за водство на Ливерпул од 1-0.

Во продолжението Ливерпул имаше шанси за зголемување на водството и сомнително поништен гол поради офсајд.

Од 60. минута Тотнем го крена нивото и преку Дани Роуз во 72. минута успеа да го изедначи резултатот на 1-1.

Ливерпул доминираше во финишот, но не успеа да дојде до ново водство и победа.