24фудбал

Победи за Дортмунд и Волфзбург на стартот (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со 2-1 го победи Мајнц, Волфзбург со 2-0 славеше на гостувањето кај Аугсбург на стартот од новата сезона во Бундеслигата

Германија

„Милионерите“ стигнаа до трите бода благодарејќи на двата погодоци на Пјер Емерик Обамејанг.

Напаѓачот го отвори резултатот во 17. минута, а потоа со удар од белата точка во завршните мигови зголеми на 2-0.

Гостите преку Муто во судиското надополнување постигнаа само почесен гол.

Волфзбург со 2-0 победи на гостувањето кај Аугсбург. Дидави ги донесе „Волците“ во предност во првиот дел, а сите дилеми околу победникот ги реши Родригез во 89. минута.

Победа од 2-0 забележа и Келн во дуелот со Дармштад, Ајнтрахт Франкфурт со 1-0 славеше над Шалке, а Хамбургер и Инголштад ги поделија бодовите играјќи 1-1.